речник контакт

Тротоарите се за пешаците, не се паркинзи

Чадиев за проблемот со паркирањето во центарот на Велес, за катна гаража и за искористеноста на паркинзите,за бесплатното паркирање...

Петар Печков

 Новопоплочениот тротоар на улица 8-ми септември, од јаворот до кружниот тек,  веднаш започна да се користи како паркинг за автомобили. Во должина од стотина метри сопствениците започнаа да го освојуваат, иако ивичниците беа подигнати.  Градоначалникот Славче Чадиев најави дека тротоарите ќе останат на пешаците.

За некој ден ќе започне да се поставуваат столпчиња. Тротоарите се за пешаците, не се за паркирање - изјави Чадиев. За нивно уредување потрошени се 130 илјади денари. Чадиев одговори и на дилемата која ја постави опозицијата на вчерашната седница на Советот, дека треба да се престане со уредување на тротоарот од спротивната страна до Градскиот саат, бидејќи плочките биле поквалитетни од бехатонот кој е ново  поставен.

Поради реновирањето на Хотелот, извесно време ќе прекинеме со уредувањето на тротоарот. Оставаме на медиумите нека го испитаат мислењето на граѓаните, дали треба да се продолжи со обновата на тротоарот во централното градско подрачје - рече Чадиев.

На прашањето за изградба на катна гаража во центарот на Велес, наспроти изјавата на стручните лица од пред некој ден на јавната презентација, дека тоа е скапа инвестиција која е исплатлива само ако е со друга содржина, административен или станбен простор, градоначалникот изјави.

 Катна гаража  може да се гради само со јавно - привантно паретнерство таа е потребна но дали ќе се гради ќе одлучиме откако ќе извршиме консултации, дали има интерес - изјави Чадиев.

Тој одговори и за искористеноста на паркинзите во градот, но и за навиката на велешани да паркираат каде ќе им текне.

Велес покрај општина Карпош е единствената во Македонија каде паркирањето е бесплатно. Дел од велешани, од возачите имаат лоша навика, да паркираат пред институцијата каде имаат обврска. Дали така постапуваат кога ќе заминат во друг град. Напротив, паркираат каде има регуларно место па ги завршуваат работите. Затоа ќе градиме уште еден паркинг од левата страна на градот, кај пазариште. Од таму за две минути се доаѓа до центарот. Така ќе го растеретиме проблемот со паркирањето во центарот  - изјави Чадиев.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »