речник контакт

Тротоарот пред дуќаните на Илинденска со дупки кратери

И додека Локалната власт најавува времено санирање оти тука планира Трговски центар, ЈП за деловен простор на оглас ги издава дуќаните за користење

Петар Печков

 Тротоарот од мостот Гемиџии е со отвор како кратери и е опасен за пешаците. Оштетувањата се сериозни и тие се подолг период присутни.  Минувачите кои оттука проаѓаат, не се чувствуваат безбедни.   

Десната страна од улицата Илинденска, пред  дуќаните сериозно оштетена.  Проблемот е подолго време но никако да се реши. Кога се реновираше мостот, рекоа дека улицата е во надлежност на локална власт и остана така со дупки - велат велешани кои ја користат секојдневно за да преминат од едната на другата страна од градот.  

Од локална власт најавуваат   дека санацијата ќе биде изведена, но овој простор ќе е решава комплексно.

Ќе се изврши времено санирање на тротоарот.   Во меѓувреме во тек е донесување на  нов Детален урбанистички план со кој за овој дел од градот се предвидува отстранување на сите деловни простории, со пристап пред мостот Гемиџии и изградба  на нов трговски центар, каде тие ќе бидат сместени – објаснуваат од општина Велес.  

И додека локалната власт најавува дека тука планира Трговски центар, во септември и октомври во два наврати ЈП за стопанисување со деловен простор ги издаваше времените објекти под наем. Но без успех. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »