речник контакт

Тројца Дедо Мразовци ги израдуваа децата од детското одделение од Велешка болница (фото видео)

Дедо Мраз се спушти од кровот на болница за да ги посети најмладите пациенти

Петар Печков

Децата пациенти од Детското одделение на Општа болница Велес, денес беа изненадени од посетата на Дедо Мраз. И тоа не еден, туку тројца.

Десетината деца кои за Новата година останаа хоспитализирани, добија новогодишно пакетче, кое го обезбеди Болницата а беше доставено од Дедо Мраз.

И тоа тројца. Двајца беа  членови на Здружението „Спасител за безбедност на вода и планина од Велес“ а третиот Веселиот Дедо Мраз.

На радоста на децата немаше крај а среќата и насмевките беа доволно признание  за успешноста на новогодишното изненадување.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »