речник контакт

Тројца браќа нападнале и ограбиле велешанец на гробишта

Тројца браќа нападнале, ограбиле и натепале велешанец додека бил на гробот од неговите блиски.

Петар Печков

Велешката полиција ги фати  сторители  кои се товарат за кривичното дело разбојништво и против О.К. (19) , М.К. (23) и Ѓ.К.(22) сите тројца од Велес е поднесена кривична пријава. 

Грабежот е извршен  на гробиштата на црквата Свети Спас во Велес, во неделата, кога три непознати лица од автомобилот на оштетениот З.Ј. (44) од Велес, кој во моментот бил на гроб од негов близок, најпрво му го одзеле паричникот и мобилниот телефон, а откако истиот ги забележал и се упатил кон нив, сторителите физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото.

При тепањето од џебовите на пантолоните му одзеле пари а од вратот му го скинале и одзеле златното ланче, по што избегале.  СВР  Велес лицата ги  пронашло и се  приведени а од нив одземени се откраднатите предмети паричникот, мобилниот и златното ланче, како и други предмети кои истите ги одземале при претходно извршени други  кражби .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »