речник контакт

Тројца велешани изминатите два дена биле повредени на работно место, две од нив биле жени

Двата случаи се регистирани во Велес а еден во Скопје

Петар Печков

Тројца велешани изминатите два дена биле повредени на рботни место, две од нив биле жени.

„Петокот на 7 април во 16.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреда била донесена М.Ц.(29 год) од Велес. Според пријавеното, таа се здобила со повредата при извршување работни задачи во фирма во индустриската зона Бунарџик„ соопшти МВР. 

„На 8 април  околу 15 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со повреди бил донесен З.А.(55 год) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика во Велес“ – соопштија од МВР. 

За  овие два настани бил известен трудов инспектор.

„Саботата ма 8 април  9 часот во СВР Велес било пријавено дека во угостителски бојект во Велес со повреди се здобила Ж.Д.(54 год) од Велес при извршување работни задачи“ - информираа од МВР. 

Полицијата  работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »