речник контакт

Тројца велешани нови случаи позитивни со ковид-19, четворица оздравени

Бројот на активни случи во велешко е 28 лица

Петар Печков

Во текот на изминатите 24 часа, во Велес има регистрирани три нови случаи на позитивни со квоид-19, како и четворица оздравени, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.  Така бројот на активни случи во велешко е 28 лица.

Имаме случај на докторката од Итната служба, маж на средни години, кој се заразил преку работата и една жена  која се заразила преку член на семејството.  Двајца од четворицата оздравени се од Инфективно одделение, додека двајца се од домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје

Досега од појавата на корона вирусот, во велешко има регистрирано 275 случи на лица заразени со ковид-19, оздравеле 233 лица и 14 починале.

На Инфективното одделение има  хоспитализирано 15 лица, 13 се потврдено позитивни и за две се чекаат резултати. Две лица вчера се пуштени дома, откако се водат како оздравени а по два негативни теста.  Од пациентите кои се на ова одделение 10 се од Велес, тројца од Свети Николе и двајца од Кавадарци. Денес околу пладне, пациент од Свети Николе, кому му се влошила здравствената состојба е префлен на Инфективна клиника во Скопје - соопшти д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »