речник контакт

Тројца велешки советници тврдат антикорупциска греши

Тројца велешки советници тврдат незаконски се обвинети дека не поднеле изјава за интереси, поради што против нив има поднесено барање за прекршочна постапка.

Петар Печков

ие остро реагираа на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, бидејќи навремено ги поднеле сите потребни документи.

Изјавите ги поднесовме заедно со останатите 20 колеги од велешкиот Совет. За ова имаме и доказ, приемница на поштенската пратка од страна на антикорупциска дека тие ги добиле нашите изјави. Како и зошто ова се случува не ни е јасно, но нашите имиња се поставени на интернет страницата а ние со ништо не сме ја згрешиле постапката – изјавија велешките советници Славчо Чадиев, Валентина Делиманчева Андреевска и Данчо Стојановски, кои доаѓаат од три различни партии.

Тие најавија дека кривично ќе ја гонат антикорупциска за навреда. Како објаснување за овој случај, велешките советниците добиле одговор дека во антикорупциска имало премалку вработени за да можеле дека обемен материјал да го сработат и дека станувало збор за околу 300 други советника кои биле по грешка обвинети дека не доставиле изјава за интереси. 

Неодамна  Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека заклучно со 14.09.2010 година од вкупно 1384 советници  во Македонија изјави за интереси имаат доставено 677 советници што значи дека 432 од нив не доставиле изјави за интереси и против нив се поднесени прекршочни пријави.

           

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »