речник контакт

Тројца доктори кривично се гонат за смртта на родилката Кадиева

Велешкото обвинителството против Т.В анестезиолог од Гевгелија и гинеколозите В.Ч. и Д.М од Струмица поднесе кривични пријави за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,

Петар Печков

 Основното јавно обвинителство – Велес,  тројцата доктори кои учествуваа во породувањето на Маја  Кадиева,    кривично ги гони  за   нејзината  смртта.    До  Основниот суд во Велес поднесено е  обвинеие против Т.В. – лекар специјалист  анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, и за    В.Ч. и Д.М. лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица.

Тие се обвинетите  дека сториле кривично дело  ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Обвинителството  ја запирело истражната постапка, што се водеше против четвртото осомничено лице доктор анестезиолог, З.Ј.  кој неодамна почина.

Според  обвинителниот акт   гинекологот   В.Ч. ја повикал сега покојната Маја  Кадиева, да се јави на преглед на 22 октомври  минатата   година.  По извршените контролни прегледи иако  не постоела ниту една медицинска односно клиничка индикација за породување, обвинетиот ја известил сега починатата дека вечерта околу 19  часот ќе изведе– царски рез за нејзино породување, иако веројатниот термин за породување бил 2 ноември.

Вечерта во закажаниот термин медицинскиот тим не бил комплетиран поради едночасовно доцнење на анестезиолог  Т.В. кој пристигнал во видлива алкохолизирана состојба. И покрај ваквиот тек на настанот, гинеколозите  В.Ч и Д.М. не предложиле одложување на   на  породување со царски рез. Обвинетиот Т.В. безуспешно се обидувал пациентката да ја воведе во анестезија со интубација, по што го повикал на помош својот колега – сега покојниот З.Ј. кој исто така бил во алкохолизирана состојба и направил неколку неуспешни обиди за интубација.

Спротивно на Упатството за безбедна хирургија на Светската Здравствена Организација, согласно кое предвидениот број на обиди за интубација не треба да биде поголем од 3, ниту да трае подолго од 10 минути, во случајов постапката траела речиси 30 минути, поради што смртта настапила како последица од задушување.

По преземените дејствија за реанимација на родилката, откако предходно во два наврати ја напуштиле операционата сала и пак се враќале, од страна на обвинетите гинеколози  В.Ч. и Д.М. е направен царски рез и од утробата на сега покојната е извадено новородено женско дете кое е предадено на неонатална медицинска сестра и на лекар педијатар. Анестезиологот  Т.В направил безуспешен обид за реанимација врз новороденчето, но по десетина минути од породувањето и тоа починало.

Според обвинтелството, со овие дејствија тројцата доктори, несовесно постапиле при укажување лекарска помош при породувањето на Кадиева. Со тоа предизвикале влошување на здравствената состојба кај родилката, што резултирало со смртен исход на сега покојната и на новороденчето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »