речник контакт

Тројца кандидати за градоначалник на Велес, опозицијата не учествува

Пријавени се и шест листи за советници

Петар Печков

На полноќ се затвори вратата на Општинската Изборна комисија за Велес и со тоа лисите за кандидати за градоначалник и советници во Општина Велес.

Во законски дадениот рок до ОИК пристигнаа три кандидатури за градоначалник( по азбучен ред) Тања Петровска од Социјал Демократската Партија нa Македонија, Марјан Спасовски од Социјал Демократскaта Унија и Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери. 

За советници пристигнати се шест листи( по азбучен ред): ВМРО-ДПМНЕ со 19 коалициони партнери,  ДОМ, ДПА, ДУИ, СДУ и Титови леви сили. Општинската изборна комисија работеше професионално, немаше проблеми и реакции, добро ја заврши оваа прва нивна обврска.

Изненадувањето доаѓа во предлогот на Марјан Спасовски, поранешниот прв човек на велешките социјал демократи и директор на велешката Болница, кој сега го  смени,,политичкиот дрес,, и  игра со СДУ (партијата на поранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски), која во Велес се пререгистрирала оваа седмица.

Опозицијата го одржа зборот за најавениот бојкот на локалните избори, кои се закажани за 24 март.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »