речник контакт

Тројца кандидати за градоначалник, шест листи за советници

Кој се` ќе учествува на локалните избори на 15 октомври за општина Велес

Петар Печков

Вчеравечер на  полноќ истече рокот до кога партиите можеа да ги поднесат  кандидациските листи за градоначалник и советници во Општините.

За локалните  избори закажани за 15 октомври во Општина Велес ќе учествуваат  тројца кандидати за градоначалник и шест листи за советници.  

Во трката за градоначалник  по азбучен ред се: Аце Коцевски (коалиција  на СДСМ), Гоце Чушков (НДM) и Славчо Чадиев (коалиција на ВМРО-ДПМНЕ).  

За советници поднесени се шест листи: Алијанса за Албанците – Лујзим Исеини  , ВМРО-ДПМНЕ – носител Алексадар Колев,  ДУИ - Зија Сулејмани  , Левица – носител Димитар Апасиев, НДM – Панче Жежовски,  СДСМ –носител Ненад Коциќ.

Овие  кандидатури Општинската  изборна комисија треба да   ги верификува до сабота до  полноќ,  па дури потоа ќе бидат официјални кандидати за градоначалници и советници.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »