речник контакт

Тројца мртви во сообраќајка кај Лозово

Починатите се дружеле откако дента се вратиле од Италија, од работа.

Петар Печков

 Во директен судир на товарно возило и патнички автомобил, на влезот во село Лозовово средата попладне околу 16,20 часот, загинаа тројца патници а шестмина се повредени, двајца од нив се во критична состојба.

Во сообраќајната несреќа на лице место починаа Александар Тодоров (19 год) и  Јонче Иванов (43), двајцата од село Лозово  додека велешанецот Александар Горгиевски (28) почина во велешката Болница. Возачот на форд ексордот Зоран Н. од Лозово и дванаесетгодишно дете се во критична состојба и сместени се на Ургентен Центар во Скопје.

  До несреќата според сведоците дошло кога возачот на товарното возило ,,Фолцваген,, престигнувал друго возило и директно удрило во автомобилот кој доаѓал од другата коловозна лента.

Камиончето возеше многу брзо, престигна едно возило, потоа и друго и започна да престигнува камион ,,сканија,,  а не виде дека од другата страна доаѓа  автомобил и директно се удрија. Се обидоа и двајцата возачи да го избегнат судирот,  но немаа време. Имаше многу повредени кои ги пренесоа во велешка болница, додека двајца патници од автомобилот беа починати во него. Многу непријатна глетка, лошо – вели возач сведок на судирот. 

Колоната  автомобили која поради блокадата не можеше да движи беше километарска, па сообраќајот на магистралниот пат Велес- Штип беше во прекин три часа. Според МВР до сообраќајката дошло поради непридржување на страна на учесниците во сообраќајот.

По сообраќајката во критична состојба се Зоран Н. ( 33 год)  од Лозово и дванаесет годишно момче син на починатиот Јонче, кои заедно со возачот на товарното возило К.Д. ( 30 год) од Струмица и неговиот сопатник Б.Н. (20 год) од Василево се префрлени во Ургентен Центар во Скопје.

Околу 17,30 часот во нашата болница беа донесени шестмина повредени во сообраќајка. И покрај нашите напори едно момче  почина, додека детето и возачот поради бројни скршеници на глава, граден кош се итно пренесени на Ургентен  во Скопје. Таму испративме уште две лица поради бројните скршеници на екстремитетите, но тие не се во животна опасност – изјави д-р Димче Бошковски дежурен анестезиолог во велешката Општа Болница.

Во селото Лозово тага и неверување за завчерашната сообраќајка која однесе два нивни соселани.

Двајцата починати  Александровци заедно со Зоран тој ден стигнаа од Италија, каде работеа. Решиле да се дружат и помуабетат дома, не во туѓина, па да продолжат за Велес, на забава. И кога каква лоша судбина ги снајде во сообраќајка другарите од Италија да загинат заедно. Страшно. Лани се случи ист настан, кога татко и син од Лозово починаа во сообраќајка во Италија. Проклета е таа печалба, проклета синко – вели жител на Лозово.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »