речник контакт

Тројца пациенти со ковид-19 починаа, најмладиот на 51 годишна возраст

Во велешко активни има 693 случаи а во болница се 78 пациенти

Петар Печков

Во велешко има нови 37  пациенти позитивни на ковид-19 а податокот за  оздравени  ќе биде објавен утре, оти денес софтверот се надградувал и нема точна бројка. Ова го објавија од Министерството за здравство. Со ова во велешко има активни 693 лица а досега се заразиле 4.373 граѓани.  


„Починати се тројца  пациенти,  на 71 годишна возраст хоспитализиран еден ден, на  51 годишна возраст хоспитализиран четири  дена  и 66 годишна возраст  хоспитализиран десет  дена на Инфективно одделение, сите од Велес“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
 
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 78 пациненти,  од кои 63 се потврдени позитивни, девет  сомнителни  и шест пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 26 пациенти. На Инфективно одделение има  54, на Интерно десет и во Модуларна болница 14 лежечки пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »