речник контакт

Тулиев со ,,Спанаќ со пржени компири,, награден во Мала Преспа

Заврши осмото издание на театарскиот фестивал Македонско културно лето во Албанија

Петар Печков

Билјана Драгичевиќ Пројкоска и  Владимир Тулиев ги добија наградите на 8-от Фестивал ,,Македонско културно лето,, кој се одржа во Мала Преспа - Албанија. Жирито во состав  Зоран Љутков – претседател, и членовите Андреј Цветановски и Жарко Димоски, одлучија  наградите да  ги доделат на актерката на Драмски за ролјата во ,,Последните Македонци,,и на Владимир Тулиев кој како  гостин настапи во  ,,Спанаќ со пржени компири,, на велешки театар.

Наградите беа врачени на 2-ри август на затворањето на Фестивалот, по што концерт одржа поп пејачот Димитар Андоновски во придружба на Сергеј Светозарев.

Ова година фестивалот се прошири и се одржуваше на три локации, на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Плоштадот Европа во Леска и  плоштад Јане Сандански во Зрноско. Фестивалот беше отворен на 29-ти јули со претставата на Драмски театар – Скопје „Последните Македонци„ во режија и авторство на Сашо Миленковски, по што следуваа „Македонска Приказна„ во режија на Боњо Лунгов на Театар за деца и младинци – Скопје, „Парче душа„ во режија и авторство на Љупчо Тодоровски Упа, „Спанаќ со пржени компири„ на авторот Золтан Егреши во режија на Ненад Витанов на Театар Џинот – Велес. Последната фестивалска вечер настап имаше Никола Тодоровски од Охридскиот театар.

Фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Град Скопје и Општина Велес а технички и логистички од театарот ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, од Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »