речник контакт

Турнир во одбојка на песок

Иминатиот викенд во Велес се одржа првиот турнир во одбојка на песок. Големиот број учесници покажува дека за овој спорт има интерес и иднина во градот

Петар Печков

Во конкуренција на сениори победија Саша Ивковиќ и Дејан Димовски кои во финалето во неизвесна борба со 2:1 ги победија Мартин Мишков и Игор Апел. Во женска конкуренција најдобри беа  Емилија Ивановска и Бранка Блажевска кои со 2:1 славеа над Моника Игнова и  Каци Толевска. Кај јуниоите победници се Горан Јорданов и Борјан Давчев кои во финалето со 2:0 ги победија Деан Пепелашев и Борече Топузлиев.

Следнито викенд Велес и одбојкарскиот клуб Борец ќе бидат домаќини на првиот меќунроден турнир во одбојка на песок, со учество на двојки од Албанија, Србија и Косово, како и победниците од овој турнир.

Овој турнир беше промоција на новиот спортски терен кој градот го доби, игралиште за одбојка на песок, лоцирано до спортската сала Гемиџии, на некогашното кошаркарско игралиште. Истото е по димензии пропишани и од светската одбојкарска федерација.

Тоа е опремено со донација и помош на Одбојкарскиот клуб Домжале од Словенија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »