речник контакт

Турска храна и песна , за сограѓаните

Храната и песната ги зближува луѓето

Петар Печков

Отворен ден на Турската заедница во Велес се случи  саботата на пладне во ОУ Блаже Конески.  Оваа манифестација се одржа по петти пат.  Така се зацврстуваше  старото пријателство меѓу Македонците и Турците во Велес .Вредните раце на турските домаќинки подготвија нивни специјалитети кои ги понудија на велешани. Имаше и  игра, танц и песна.

Се со една цел зближување на двата народи кои тука се со векови. Имаше презентација и дегустација на традиционални специјалитети на турската заедница, презентација на турската народна носи, на  нивните  игри на нивните танци и народни песни. 

Турли тава, елбасан тава, мусака, сарма со винова лоза, турлитава, кори, јајчаник, полнети пиперки, јанија,  пилав беа дел од подготвените јадења. Сепак поголем интерес имаше за благите, татлии, раванија, баклава, гриз алва шеќерпаре, кадаиф,  локум кои бргу исчезнаа од тавите. Велешани го поздравија овој настан. Храната е нишка која ги спојува луѓето од Балканот. Иако за вкусовите не треба да се расправа, поставените  преполни софри, бргу беа испразнети.

Секој сакаше да проба нешто што досега не вкусил, прашуваа како се подготвува, се бараа рецепти. На манифестацијата беа доделани и признанија за на Турчинот кој придонел за оваа заедница во градот а го доби д-р Демир Мемедалиев и за стар занаетчија, мајстор го доби Мемед Исмаилов попознат како Пампурот. За доброто расположение се погрижи Велешка чалгија.

Особено сум среќен  што оваа идеја прерасна во настан кој го одразува мултикултурниот дух на Велес. Одлучивме годинава со манифестацијата да им донесеме радост на нашите сограѓани - рече Бесим Ахмедов претседател на хуманитарното здружение н граѓани  ,,Јени Хајат,, од Велес.

Собраните средства од манфисетацијата која имаше добротворна цел, се наменети за децата до Здружението на лица заболени од церебрална парализа од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »