речник контакт

Тутунарите незадоволни од откупната цена , но го продаваат тутунот

Тутунопроизводителите од Лозово и Каратманово, Бузалково се жалат дека цената е пониска едно евро по класа од ланската

Петар Печков

По пауза од неколку дена, од понеделникот продолжи откупот на тутунот, но производителите  и натаму не се задоволни од цената. За разлика од пред десетината дена, сега биле отворени сите откупни пунктови во велешко.   И покрај незадоволството, тутунопроизводителите од регионот,  чекаа во редица да го предадат годинашниот род.

Цената е пониска по едно евро по класа од ланската. Толку е разликата. Најдобрата прва класа се откупува  по 180 денари,  другите пониско. Некаде четвртата класа, најниската, ја проценуваат  на само  100 денари - вели тутунопроизводител од велешко Бузалково.

Не знаеше дали во текот на денот ќе го предаде родот, оти објаснува дека тоа била долга постапка. Преговори со откупувачот и проценителот, отворање кутија по кутија, а имал за предавање четири тони.  Меѓу производителите  имаше лица и од Овчеполието, од Лозово, Каратманово.

Се наоѓам помеѓу два огна ако не го предадам, а имам рок во договорот, може да останам и без денар. А се откупува по пониска цена од лани. Има голем род, оти во август имаше обилни дождови, кои придонесоа тутунот да  излиста. Од 2017-та година, оваа има најниска цена - вели одгледувач од Каратманово.

Додаваат дека исплатата на парите од предадениот тутун била за краток период, за една седмица.
Министерот Аријан Хоџа, признава дека минатонеделниот договор дел од откупувачите не го почитувале.

Јавно кажав дека договорот од петокот со тутунарите и откупувачите не беше испочитуван од поголемите откупни фирми. Нема некоја логичност во тврдењето на откупните фирми дека тутунот е со лош квалитет. Тутунот е со послаб квалитет од ланскиот, но не толку за да се цени две класи подолу  изјави Хоџа по синоќешната средба со тутунопроизводителите во Прилеп.  

На истата било одлучено, откупот на тутунот да продолжи непречено, а тутунарите од денес  да протестираат најмногу до два часа.  Во знак на револт поради ниската откупна цена, минатата недела тутунарите ги повлекоа нивните претставници од откупните пунктови а ги прекинаа и протестите.

Заклучно до вчера од годинашнава реколтата, од која се очекува да се откупат 23 000 тони досега се откупени само  три проценти родот, со просечна цена од 164 денари за килограм.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »