речник контакт

УЈП утре и задутре ќе работи со продолжено работно време

Управата за јавни приходи информира дека утре и задутре сите даночни канцеларии низ Републиката ќе работат со продолжено работно време, односно граѓаните ќе можат да ги поднесуваат даночни пријави до 20 часот.

Петар Печков

Според последните податоци до УЈП се поднесени околу 100 илјади годишни даночни пријави.

Во последните два дена, до истекот на законскиот рок - 15 март, се очекува уште над 50 илјади да ги пријават ланските приходи во УЈП, поради што на 14 и 15 март сите даночни канцеларии низ Републиката ќе работат со продолжено работно време, односно од 8:30 до 20:00 часот, се вели во денешното соопштение од УЈП.

Од Управата апелираат до граѓаните со цел избегнување на метежите својата Годишна даночна пријава да ја достават до УЈП преку пошта.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »