речник контакт

УХМР не го мери повеќе водостојот на река Вардар низ Велес

Која е причината што УМХР повеќе не го следи нивото на реката Вардар во Велес

Петар Печков

Од почетокот на месецов не се мери нивото на реката Вардар низ Велес. Овој податок го снема од дневниот билтен на Управата за хидрометеорологија на Македонија.

И додека  неофицијалната информација е дека поради малиот хонорар, лицето пензионер која ја вршел работата секојдневно, ја откажал соработката, од УХМР со спротивставена информација.

„Мерената страница  во Велес за нивото на реката Вардар се наоѓа на Стар мост, и постојано е опкружена со паркирани автомобили. Тоа создава тешкотија во работата за мерењето на вредноста. Работиме со локалната власт да најдеме попристапно место, каде да се постави мерната станица, која би била автоматизирана и податоците веднаш би доаѓале до  центарот во Скопје“- кажаа од УХМР.

Вредностите од УХМР за состојбата за нивото на река Вардар во Велес ги користи и Центарот за управување со кризи.  Од таму велат дека тие засега се снаоѓаат со премостување на податоците и ги користат мерните места на река Вардар кои се низводно од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »