речник контакт

УХМР повторно го мери нивото на реката Вардар низ Велес

Од лани од јуни, овој податок не беше достапен во дневниот билтен

Петар Печков

УХМР го врати мерното место за мерење на нивото нa реката Вардар во Велес.

Од почетокот на годинава, повторно  во информацијата која УХМР ја презентира е поставен Велес. Од лани од јуни, овој податок не беше достапен во дневниот билтен.

Имаше реакции од јавноста дека со надоаѓањето на реката Вардар во зимскиот период, нема да се знае колкав опасност е водата по домовите на велешани пред се во месноста Речани.

Нема информација каде  е поставено мерното место, на кој дел од реката се мери.  

УХМР го мери и нивото на реката Бабуна во Богомила.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »