речник контакт

Уапсен велешанец, осомничен за тешка кражба, извршена во Рамина

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот

Петар Печков

Велешка полиција соопшти дека уапсила велешанец, младо момче, кое се сомничи дека извршило тешка кражба во куќа, која е во месноста Рамина.  

На 25 септември полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Д.(20) од Велес. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“, односно дека во периодот од 23.09 до 25.09 годинава со употреба на алат влегол во куќа на ул.„Стеван Богоев“ во Велес, сопственост на Ш.Р.(82) од Петровец и одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот полицијата  против него ќе  поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »