речник контакт

Уапсен велешанец кој се сомничи дека извршил кражба во продавница

Kај него полицијата пронашла и марихуана

Петар Печков

Петокот на напладне, велешанец е уапсен близу Автобуската станица, под сомнение дека е сторител на повеќе кражби. Дел од украдените било пронајдено кај него.

„На 4 август  во 11.30 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д.(42 год) од Велес. Тој се сомничи дека во периодот од 1 до 3 август  со употреба на сила и подесен алат влегол во продажен објект на улица „8 Септември“ во Велес и одзел пари и други предмети. При преглед кај него било пронајдено одземеното и било вратено на сопственикот. Исто така, кај него биле пронајдени и повеќе пакувања марихуана и кафеава прашкаста материја“ - соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, полицијата  ќе поднесе соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »