речник контакт

Уапсен велешанец кој се обидел да изврши разбојништво во продавница

Кривична за велешанец кој преку фејсбук ширел омраза

Петар Печков

Уапсен е велешанец, кој полицијата го сомничи дека се обидел да изврши разбојништво во продавница.
„На 28 ноември  во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Г.К.(40) од Велес.

Тој се сомничи дека на 24 ноември  се обидел да одземе предмети од продажен објект во Велес, по што ја скршил влезната врата која вработените претходно ја затвориле“ - соопштија од МВР.

Г.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, полицијата  ќе поднесе соодветна пријава.

СВР Охрид поднел  кривична пријава против М.С.(50) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски системи“.

„М.С. на 20 октомври  годинава, по текст од еден портал, објавен на социјалната мрежа Facebook, постирал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза“ - соопшти Стефан Димовски портпарол на СВР Охрид.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »