речник контакт

Уапсен велешанец кој шверцувал 12 Авганистанци

С.Д. заработи кривична пријава и месец дена притвор

Петар Печков

Во понеделникот на 25 ноември полицијата го фатила велешанецот С.Д. ( 18 год) како превезува Авганистанци.   Тој бил откриен на автопатот Неготино - Велес, во близина на с. Караслари од страна на полициски службеници.

 При контрола на товарно возило управувано од С.Д. биле откриени 12 авганистански државјани без патни исправи, кои илегално влегле во  Македонија.

РЦ за ГР „Југ“  за ова поднесе кривична пријава против  С. Д. од Велес за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”.

Од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека емигрантите се сместени во Прифатен центар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »