речник контакт

Уапсен вработен во полициска станица Велес, при обид да криумчари мигранти од Кина

Лишен од слобода бил и жител на Горно Оризари, како организатор на кримчарењето

Петар Печков

МВР во попладневниот билтен објави дека полициски службеник од СВР Велес бил уапсен при обид да криумчари миганти од Кина. Настанот се случил денес, четврток. Во полициската акција бил упазен и жител на Горно Оризари за кого постои сомневање дека е организатор на кримчарењето.

„Денеска  -07 октомври, во 10 часот кај напуштена бензинска пумпа пред  село Воиновиќ, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.Ј.(44) од Велес, вработен во Полициската станица Велес. Тој бил затекнат на наведеното место со возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки при обид да преземе четири лица од Кина, кои илегално влегле во државата, за да ги превезе до Гевгелија. Во 10.15 часот на бензинска пумпа на автопатот Табановце- Куманово, како соучесник во криумчарењето, од слобода бил лишен и Е.М.(35) од Горно Оризари, Велешко за кој постои сомнение дека е организатор и учесник при вршење на делото“- информираа од МВР.

За случајот бил известен јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР заради превземање на мерки од нивна надлежност.

Колегите на уапсениот С.Ј. посочуваат дека е униформирано лице,полицаец.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »