речник контакт

Уапсен крадец како изнесува метал од поранешна Топилница

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот

Петар Печков

Крадец е фатен како изнесува метал од поранешна Топилница. Полицијата фатила на дело и  го уапсила

„На 8 февруари  во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30 год) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот“- соопштија од МВР.

А.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »