речник контакт

Уапсен крадец како пренесува метални делови од товарни вагони во Градско

Момчето украло делови од товарни вагони тешки 50 кг.

Петар Печков

Младо момче од Штип, кое било на гости кој роднини во Градско, било фатено како краде делови од товарни вагони. Во количка со која пренесува пет амбалажа, полицијата пронашла две метални куки за влечење вагони, тешки заедно околу 50 кг.

„На 07-ми март во 20 часот на ул. Александар Македонски кај железничката пруга во Градско од страна на полициски службеници од ПК Градско бил лишен од слобода Д.И.  (22 год) од Штип. Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ од паркираните товарни вагони сопственост на АД „Македонски Железници“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на настанот, против Д.П. ќе следи соодветна пријава, дополнија од полицијата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »