речник контакт

Уапсен осомничен кој нападнал велешанец а од здобиените повреди лицето подоцна почина

Против Г.Ш. (43 год)ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, најавуват од СВР Велес

Петар Печков

 МВР соопшти повеќе детали за смртта на велешанецот Д.В. (48 год) откако физички бил нападнат во казино,  настан кој  се случи   саботата на  9-ти јули, а од здобиени повреди почина неколку дена подоцна.

„По преземени мерки било констатирано дека на 9 јули Д.В. со повреди бил пренесен во болницата во Велес и во службен разговор со полициските службеници изјавил дека не се сеќава како се здобил со повредите, по што самоиницијативно ја напуштил болницата. На 13-ти јули  во неговиот  дом тој бил пронајден во тешка состојба и повторно бил пренесен во болницата каде што починал“ – соопштија од МВР.

По преземени мерки и активности и координација на СВР Велес, СВР Струмица и Основното јавно обвинителство Велес, на 14-ти јули  било упасено лице, за кое МВР тврди дека го нападнал  Д.В. при што се  здобил со повреди, од кои четири дена подоцна починал. Од велешкја Болница информираа дека кај повредниот Б.Н. имало две скрешни ребра. 

По наредба на Јавен обвинител врз телото била извршена обдукција и било утврдено дека смртта настапила како последица на здобиените повреди. По преземени мерки, извршени разговори со повеќе лица, како и прегледување на безбедносните камери од казиното, било дојдено до сознанија дека сторител на делото е Г.Ш., кој бил пронајден и лишен од слобода во Стар Дојран.

„На 14 јули во  22.45 часот на место викано „Стара Мрдаја“ во Стар Дојран, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ш.(43) од Велес. Тој се сомничи дека на 09 јули во казино во Велес го нападнал и му нанел повреди на Д.В.(46) од Велес, кој на 13.07.2022 од здобиените повреди починал во Општата болница во Велес“ – додаваат од МВР.

По целосно документирање на случајот и во координација со Основното јавно обвинителство Велес , против Г.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »