речник контакт

Уапсен разбојник, кој од жена минувач украл златно ланче од вратот

Настанот се случил попладнево околу 16ч.

Петар Печков

Попладнево разбојник, на дрзок начин, од врат на жена минувач украл златно ланче. Полицијата бргу реагирала и го уапсила.

„Денеска 28 април  околу 16 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д. (42 год) од Велес, кој малку време пред тоа на ул. Илинденска во Велес извршил разбојништво врз Б.Л. (69 год).  Од неа со употреба на сила одзел златно ланче. Ланчето е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а С.Д. е задржан во полициска станица“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. 

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »