речник контакт

Уапсен светиниколец кој извршил 10 тешки кражби за еден ден

Дел од украдените предмети биле пронајдени кај уапсеното лице

Петар Печков

Уапсен е жител на Свети Николе, кој во неделата извршил 10 тешки кражби, кога со употреба на сила влегол во продажни објекти. Деталите од информацијата на МВР.

„Полициски службеници од ОВР  Свети Николе при СВР Штип расчистија 10 кривични дела „тешка кражба“ извршени на 10 март  во продажни објекти во Градскиот пазар во Свети Николе од каде биле одземени разни предмети и пари. Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела од слобода е лишен В.Б.(41 год) од Свети Николе“ - информираа од МВР.

Тој бил задржан во Полициска станица и во службен разговор ги признал кривичните дела, а поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани.

По целосно документирање на случаите, против него, полицијата  ќе  поднесе соодветна кривична пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »