речник контакт

Уапсена група кавадарчани и неготинец, за трговија со дете

M.К.(20 год) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувало малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица

Петар Печков

На 14 јануари година, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, извршено од страна на пет лица.

„В.Д.(39 год ), К.Р.(24 год), В.Б.(26 год) и А.Д.(23 год) од Кавадарци и Н.И (21 год) од Неготино, во временскиот период од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на различни локации, за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари. М.К.(20 год) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувало малолетничката на вршење полови дејствија и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М.К од страна на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело „Трговија со дете“ (чл.418-г од КЗ)“ - соопштија од МВР.

Врз основа на издадени судски наредби од Основен кривичен суд Скопје, на 14.01.2023 година, на подрачјето на Кавадарци извршен е претрес во дом и други простории кај пријавените, при што петте лица се лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14.01.2023 година е поднесена кривична пријава против петте лица за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво во член 418-г став 3 од Кривичниот законик. 

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, кој на предлог на јавниот обвинител, со Решение им определил мерка притвор во траење од 30 дена.

„Осомничените на возраст од 21 до 39 години, во временскиот период од месец август до 19 септември минатата година, на различни локации, користеле сексуални услуги од малолетничка. Дваесет годишникот за кој веќе се спроведува истражна постапка за сторено кривично дело „Трговија со дете“,со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејствија и да дава сексуални услуги на осомничените за паричен надоместок од 1000 до 2000 денари“ - соопштија од ОЈО Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »