речник контакт

Уапсена петчлена група која во близина на Богомила палела електрични кабли

На лице место излегол и Државен инспектор за животна средина

Петар Печков

Уапсена група скопјани кои во околината на село Богомила, третирале отпад, за што немале дозвола.  На лице место излегол и  Државен инспектор за животна средина. Повеќе од информацијата на СВР Велес.

„На 22 декември, петок,  во 01.00 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.С.(20 год), М.М.(52 год), М.Г.(21 год), Ф.А.(21 год) од Скопје и Н.С.(41 год) од село Богомила, затоа што кај место викано Бистрички Лаки во село Богомила палеле електрична инсталација- кабли, односно третирале отпад за што немале дозвола и на место каде не е дозволено. Од нив е одземено и товарно возило „волво“ со велешки регистарски таблички, и поголема количина на топен бакар“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За настанот бил известен е јавен обвинител од ОЈО Велес,  на лице место излегол  Државен инспектор за животна средина, извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР- Велес и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »