речник контакт

Уапсени двајца велешани, во чии домови била пронајдена дрога

Освен марихуана биле пронајдени и дигитални ваги. Во друг случај уапсени двајца велешани кои марихуаната ја фрлиле и се дале во бегство, но биле фатени и приведени во полициска станица

Петар Печков

Вчера 11 октомври , полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.И.(44 год) од Велес и Б.П.(35 год ) од Башино село.

„При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Додека, при претрес во домот на Б.П., извршен, исто така, со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и дигитална вага“ -соопшти Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив полицијата  ќе поднесе соодветни пријави.

Вчера полицијата информира за уште еден случај, на упасени лица кои поседувале марихуана.

„На 11 октовмри  во 13.30 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена
трговија при СВР Велес ги лишиле од слобода В.М.(22 год) од с.Раштани, велешко и Н.Т.(23 год) од
Велес. Откако биле запрени од полициски службеници, Н.Т. почнал да бега и притоа фрлил
пакување со марихуана. Набргу, тој бил фатен, а по пребарување на теренот била
пронајдена марихуаната“ - информира Ѓаковска.

Лицата биле приведени во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде
поднесена соодветна пријава

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »