речник контакт

Уапсени двајца велешани, крадци а предметите вратени на сопствениците

Кражбата се случила во близина на гробиштата од црквата Св. Спас, во стариот дел на градот

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, среда, уапсени се двајца велешани за кои полицијата се сомнева дека се крадци. Кражбата се случила во близина на гробиштата од црквата Св. Спас.

„На 01.02.2023, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.И.(23 год) и И.Б.(69 год) од Велес. Тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикваров“ во Велес одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, против нив, полицијата  ќе поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »