речник контакт

Уапсени двајца велешани во Штип, кај нив пронајдена марихуана, хероин и таблети

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветен поднесок

Петар Печков

МВР информираше дека вчеравечер, понеделник, во штипска населба, на влезот во градот, во автомобил, кај двајца велешани е пронајдена дрога.

„На 21 ноември  во 22.30 часот на експресниот пат Штип-Скопје, кај населбата „Три чешми“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле С.В.(38 год) и Р.С.(46 год), двајцата од Велес, затоа што при контрола на возилото во кое се превезувале, кај С.В. биле пронајдени и одземени марихуана, хероин и и таблети“ – соопштија од МВР. 

По целосно документирање на случајот, полицијата  ќе поднесе соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »