речник контакт

Уапсени двајца велешани кои полицијата ги сомничи дека извршиле разбојништво во спортска обложувалница

Со употреба на сила врз вработената, двете лица одзеле пари

Петар Печков

Уапсени двајца велешани, за кои полицијата ги сомничи дека претходно извршиле разбојништво во спортска обложувалница. Деталите од  информацијата на СВР Велес.

„Денеска 23 декември околу 8.30 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедноста на патниот сообраќај при СВР -Велес, ги лишиле од слобода М.Г. (25 год ) и О.Т.(32 год), двајцата од Велес, постапувајќи по претходно добиена пријава дека утрото околу 08 часот извршиле разбојништво во спортска обложувалница и со употреба на сила врз вработената, одзеле пари. По кратко време, лицата се пронајдени и приведени во полициска станица“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »