речник контакт

Уапсени двајца државјани на Косово, поради илегален превоз на мигранти

Лицата се уапсени кај крстосницата кај Башино Село а дел од мигрантите од Пакистан ги оставиле на Штипска петља, други биле во автомобилот

Петар Печков

Илегалниот превоз на мигранти, стана нелегален бизнис во кои освен македонски граѓани учествуваат и од соседните. Ако пред две седмици беа уапсени двајца Срби, како кај Градско превезуваат мигранти, вчера попладне биле уапсени двајца државјани на Косово. МВР со повеќе информации за настанот.

„Петокот  на  24-ти април во СВР Велес биле приведени Д.П.(45) и Е.Б.(30), двајцата од Косово, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Попладнето во 16.47 часот во СВР Велес било пријавено дека на магистралниот пат Велес- Штип, кај клучка „Штипска петља“, од патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки излегле лица - мигранти, по што возилото се упатило кон влезот на Велес, а по него се движело патничко возило „бмв х5“, со косовски национални ознаки. По преземени мерки кај крстосницата „Башино Село“, полициски службеници го сопреле возилото „бмв х5“, управувано од Д.П., во кое биле пронајдени седум лица- мигранти од Пакистан. Исто така, било пронајдено и возилото „мерцедес“, кое било управувано од E.Б. од Косово. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока косовските државјани биле задржани во СВР Велес, возилата биле одземени, а мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци. Денеска, по брза постапка, косовските државјани се спроведени до ОЈО за Гонење Организиран Криминал и Корупција  и до Основен суд Скопје1 во Скопје и ќе им бидат поднесени соодветни пријави - информираа од МВР.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »