речник контакт

Уапсени двајца малолетници од Скопје кои извршиле кражба и обид за кражба во Велес

Малолетниците биле уапсени во Кавадарци, откако извршиле две тешки кражби вчеравечер

Петар Печков

Уапсени двајца малолетници од Скопје, кои  во Велeс извршила кражба на пари до сеф и обид за кражба. Биле уапсени синоќа во Кавадарци, каде исто така извршиле тешки кражби. СВР Велес со игнорации за настанот.


„На 9 август  полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода двајца малолетници, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело тешка кражба на дрзок начин. Тие во 20.50 часот извршиле кражба од продажен објект во Кавадарци, а пред тоа во друг  продажен објект, одзеле од касата пари. По преземени мерки и активности е констатирано дека 01.07.2022 на подрачјето на Полициска станица Велес во маркет во Велес , од сеф во канцелариска просторија од продажен објект одзеле пари, а истиот ден во уште една продавница во Велес извршиле кривично дело „кражба“ во обид“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
 
Двајцата малолетници,  биле приведени во полициска станица и при извршен службен разговор со нив го појасниле начинот на извршување на делата и по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »