речник контакт

Уапсени двајца прилепчани кај Степанци, незаконски исекле 2,1 м3 огревно дрво

Bршеле бесправна сеча на огревни дрва од туѓа шума

Петар Печков

Во еден од најкритичните предел од велешко,планината Бабуна, стариот па кон Прилеп,  каде бесправно се сеча шумата, велешката полиција, открила двајца прилепчани. Тие со нив имале 2,1 м3 огревно дрво за кое немале соодветна дозвола.

„На 4-ти април  село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода Е.А.(41) и И.Џ.(23), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на бесправна сеча на огревни дрва од туѓа шума. Кај нив биле пронајдени 2.1 кубни метри дабови огревни дрва кои им биле одземени“-соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот против двајцата прилепчани  ќе биде поднесена пријава по член 235 став  од Кривичниот законик.

 фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »