речник контакт

Уапсени скопјани дилери на дрога, кои го снабдувале пазарот во градот со хероин

Добија и еден месец притвор

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М. (37) и Р.Ш.(55), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“ за што им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По претходно добиени сознанија дека А.М. го снабдува пазарот во градот со хероин и дека е  инволвиран во нелегална трговија со наркотични дроги на подрачје на Велес, велешакта полиција  презела  мерки за негово откривање.

 На 7 мај во 19,15 часот на излезот од Велес А.М.  во автомобил  . извршил нелегална продажба на наркотична дрога хероин, по што откако ги забележал полициските службеници, дрогата  ја фрлил од прозорот од возилото по што се дал во бегство. За да ја изврши нелегалната продажба на хероинот , во Велес првопријавениот А.М. пристигнал со возило кое го управувал второпријавениот Р.Ш.

Полицајците успеале да ги фатат двете лица кои се дале во бегство,  а на лице место е пронајдено е најлонско пакување со непозната прашкаста материја, за која по извршеното вештачење е утврдено дека се работи за 263 гр. наркотична дрога хероин.

Против Р.Ш. полицијата информира дека  претходно се поднесени кривични пријави за сомнение за сторени кр.дела од областа на имотните деликти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »