речник контакт

Уапсени тројца велешани, еден побегнал од затвор, двајца требало да служат казна затвор

Кај бегалецот од затвор Оризари, бил пројаден хероин

Петар Печков

Велешката полиција, во текот на вчерашниот ден, четврток, уапсила тројца велешани. Едниот од нив е бегалец од затворот во Оризари, а две други лице требало да одат на издржување казна затвор.

Во продолжение интегрално соопшенијата од СВР Велес.

„На 25 август  полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Д.(42) од Велес. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава“.

„На 25 август полициски службеници од СВР Велес го привеле М.З (31) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Подоцна, лицето било предадено во установата за издржување на казната“.

„На ден 25 август година полициски службеници од СВР Велес го привеле Б.А (49) од Велес, кој бил баран по наредба од Основен суд Велес за издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. Подоцна, лицето било предадено во установата за издржување на казната“

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »