речник контакт

Уапсени тројца малолетници, како се обидуваат да крадат од автомобили

Настанот се случил неделата наутро, на главната улица

Петар Печков

Тројца малолетници уапсени од полицијата, како се обидуваат да крадат во утрински часови,  од автомобили, на главната улица  во Велес. СВР Велес со повеќе детали.


„На 4 септември во 05.35 часот  на ул.„8-ми Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес. Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата“ - информираше Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »