речник контакт

Уапсени четворица млади велешани за поседување на марихуана

Уапсена е и жена која ги попречувала полицајците при претресот во нејзиниот дом

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, понеделник, велешката полиција, Одделение за недозволена трговија Велес,   лишила  од слобода пет лица, М.Ж.(31 год), К.Д.(21 год), Ј.М.(20 год) и В.М.(39 год) и еден малолетник, сите од Велес.

„По преземени мерки и активности, при извршени прегледи кај малолетникот и кај М.Ж., кои претходно, независно еден од друг, биле во домот на Ј.М., пронајдени се и одземени три пакувања со марихуана и пари во разни апоени, по што биле приведени, а нешто подоцна и К.Д., кој претходно бил во домот на Ј.М., бил запрен од полициски службеници, при што се обидел да избега, фрлајќи пакување со марихуана. Но, и тој набрзо бил фатен и приведен, а дрогата била пронајдена и одземена. Околу 21 часот по наредба на Основен Суд Велес извршен е претрес кај Ј.М., при што биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис сатива, ќесички за пакување на дрогата и пари во поголем износ. Ј.М. бил приведен, а при претресот, В.М. ги попречувала полициските службеници да вршат службени дејства, по што и таа била лишена од слобода“ - соопштија од МВР.

Во координација со јавен обвинител, против сите пет лица ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »