речник контакт

Убедлива победа дома на ФК Превалец

Совладан е ФК Бучин со 6:0

Петар Печков

Во 22-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, на домашен терен ФК Превалец со високи 6:0 (1:0) ја совлада екипата на ФК Бучин од истоименото  крушевско село, која е 11-то пласирана  од 13 екипи.

Со оваа победа превалчани остануваат на второто место  со 45 бодови, без можност за напредок но и доволна бодовна разлика од трето пласираниот ФК Росоман 83. 

Во следното 23-то коло ФК Превалец гостува во прилепско Лажани, кај екипата на ФК Слога, која е седмо пласирана.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »