речник контакт

Убиецот на Коцев непресметлив, трајно лекување во душевна болница

Благојче Шумановски бил непресметлив кога го извршил убиство на Тоше Коцев

Петар Печков

Благојче Шумановски ( (32 год) од Велес доби мерка сместување и лекување  во здравствено установа –Психијатриска болница Скопје, откако беше прогласен за трајно  непресметлив по извршеното убиство на Тоше Коцев (43 год).  Во Основниот суд Велес оваа мерка беше изречена по вештачењето на невропсихијатарот д-р Антон Новотни. 

Сторителот има трајно душевна болест растројство.  Тој делото го сторил под влијание на изгубен контакт со реалноста, не бил способен логично да расудува и да се однесува, како и да ги сноси последиците од стореното. Тој може да биде  опасен по околината. Боледува од параноидна шизофренија. Во моментот кога го сторил делото бил непресметлив и не може да ги  сфати последиците   – рече д-р Новотни.   На судското рочиште како единствен сведок се појави синот на убиениот Тоше, Кире Коцев. 

Моите родители се разведоа а откако наполнив 18 години, јас решив да живеам со татко ми, Две години бевме заедно. Татко ми се познаваше со Благојче и беа блиски. Доаѓаше да го посетува, немаа недоразбирања. Критичниот ден не бев дома, не знам што се случи – рече Кире. Тој со солзи го следеше судењето, видно погоден од смртта на татко му.

Убиството на Тоше Коцев се случи на 5-ти декември минатата година околу 14,15ч.  на Којник, на улица Васил Ѓоргов бр. 47. Шумановски според обвинението со повеќе истрели  од пиштол марка застава  6,72 мм  го застрелал Коцев, кој во болница починал од здобиените повреди.  

Според сведоците, на денот кога се   случи настанот Шумановски цела ноќ бил кај Коцев, утрото заминал а попладнето се вратил.  Испукал пет куршуми кога биле во дворот,   по што  Тоше излегол надвор од   куќата, по него излегло друго лице- сторителот Шумановски, кое држело пиштол во рака и бил мошне нервозен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »