речник контакт

Убиство во Велеc

Пронајдено во камп приколка е мртво 22 годишно момче од Бузалково, кое било прободено со нож

Петар Печков

Постојат сомневања дека момче од Бузалково е убиено во Велес.  Според МВР во 12,30 ч. пронајдено е лице кое  било со два убоди од нож пределот на градите,  констатирале докторите при обдукцијата. Полицијата повеќе  информации најави  за утре, петок. Според блиските на пронајдениот станува збор за А.С . (22 год) од село Бузалково. 

Момчето во текот на вторникот било во Велес, но не се вратило дома. По ова неговиот татко, денес дошол да види каде е синот. Околу пладне, дошол и на плацот каде до пред некоја година продаваа дрва за огрев. Го пронашол во камп приколката. Чудно е што бил таму, оти е ладно и сигурно дека не спиел тука. Во овој период од годината, кога момчето доаѓаше во Велес, се враќаше во Бузалково, не спиеше во објектот, оти нема греење - вели близок роднина на А.С.

На местото каде  е пронајдено телото , во близина на Киро Ќучук и Ветеринарната станциа,  во камп приколка ,,Треска,, имаше увидна екипа на СВР Велес која го пребаруваше теренот, форензетичари од Скопје и јавен обвинител. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »