речник контакт

Убиство во Велес

Еден застрелан, другиот тешко повреден префрлен во Скопје.Мотивите за пресметката полицијата ги истражува

Петар Печков

Двајца велешани се пронајдени застрелани во автомобил  вчеравечер, едниот е починат а другиот тешко повреден, поради што е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, информираа од СВР Велес.

Престрелката во која е изрешетан автомобилот марка ,,голф,,  се случила во вторникот навечер околу 20,10 часот во месноста Исамил чешма, под Дервенскиот мост од автопатот Велес – Гевгелија. Тогаш засега непознати сторители  со калашников истрелале повеќе од 30 куршуми во двајцата патници, кои биле заробени во возилото.   Кога дошле екипите на Брзата помош возачот на автомобилот Благој Стефановски   викан  Кучето ( 32 год) веќе бил починат, додека сопатникот Благој Миланов викан Штркот ( 42 год) имал десетина прострелни рани на двете потколеници од нозете.

Веднаш бил пренесен во велешката Болница, од каде поради обилното крварење, во хеморагичен шок, е префрлен во тешка состојба во Клинички центар во Скопје.  На нив е пукано од калашников,  сведоците велат дека сликата била стравична и морничава, изрешетан автомобил,искршени прозори, двајцата патници  облеани во  локви крв а преживеаниот успеал да каже дека на нив е пукано од пушка. 

Од извршениот увид  на СВР  Велес утврдено е дека околу 20,10 час. од страна на непознати лица пукано е со автоматско оружје во патничкиот автомобил марка Голф, при што едно лице е усмртено а едно лице се здобило со тешки повреди на двете нозе. Полицијата не сакаше да дава детали за настанот, ниту дали двајцата застрелани биле повикани од засега непознати лица и  откако дошле на местото на средбата, која  всушност била замка, се нашле во вкрстен оган и  на нив  безмилосно е пукано од двете страни, што е видливо од бројните дупки на автомобилот.

Застреланети според велешката полиција се познати сторители на разбојништва, грабежи и други кривични дела за што се осудувани. СВР Велес вели дека имаат осомничени за убиството и превземаат мерки за расчистувањена случајот.  Во вторникот вечерта во Велес имаше голема полициска рација, низ градските улици, по кафитериите, каде  бројните полициски сили ги апсеа сомнителнте лица. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »