речник контакт

Убиство во обид во Кавадарци, при семејно насилство

Сопругата е прободена и е на лекување во кавадаречка болница а мажот кој потоa сам се прободел е во тешка здравствена состојба на Ургентен во Скопје

Петар Печков

Вчера ново семејно насилство во Кавадарци. Мажот се обидел  да ја убие сопругата со нож, ја прободел, па се повредил - прободел и себеси.

И двете лица се во Болница, жената во Кавадарци, мажот во Скопје во тешка здравствена состојба. СВР Велес, со детали на настанот.


„На 18.08.2022 година околу 16.35, В.Д (47) од Кавадарци во семејниот дом ја нападнал со остар предмет неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреда, по што и самиот се повредил. Лицата се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци за укажување на лекарска помош“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »