речник контакт

Убиство во село Иванковци

Полицијата го осомничи Роберт Николовски (20 год) дека го убил татка си Добре Николовски (51 год) со удар од секира во глава, за што му поднесе кривична пријава за убиство

Петар Печков

Полицијата го осомничи Роберт Николовски (20 год) дека го убил татка си Добре Николовски (51 год) со удар од секира во глава, за што му поднесе кривична пријава за убиство. Настанот се случил во неделата во велешкото село Иванковци, во  семејната куќа на Николовски, во сеуште неутврден час, помеѓу 8 и 10 часoт претпладне, кога Роберт со тапиот дел од секирата го удрил татко му, кој спиел во кревет, откако претходела меѓусебна расправија.

Потоа тој мртвото тело го префрлил во купатило, за да изгледа како несреќен случај, ја фрлил крвавата облека и ја змил секирата од крвта. Подоцна синот Роберт, одел по селото и ги прашувал соселаните дали го виделе татко му и каде е тој. За да биде уверлив тој во текот на вчерашниот ден на мотор почнал да ја пребарува околината на селото Иванковци за да го најде татко му Добре и искажувал загриженост да не му се случило нешто лошо. Тој на овој начин сакал да обезбеди алиби пред полицијата.

Според соселаните меѓу синот и таткото имало подолго време тензија, нетрпение и тие двајцата биле со нарушени фамилијарни односи. Телото на Добре било пронајдено по повик на соселанец, дома, во поодмината фаза на смрт и тоа веќе почнало да се распаѓа.

Полицијата по извршениот распит на синовите кој живееле во сита куѓа, го осомничила помладиот Роберт за сторител на убиството. Тој пред полицијата го признал стореното убситво и со негова помош е пронајдена секирата со која делото е извршено како и крвавата облека на татко му. Роберт Николовски поради сторено кривично дело тешка кражба, како малолетник имал изречена мерка  засилен родителски надзор.

Ова е второ убиство во селото на син врз татко изминатите години. Пред седум години во истото село Иванковци се случи идентично убиство, син го уби татка си поради тоа што тој ја малтретирал сопругата, односно мајка му а судот за ова дело го ослободи од вина.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »