речник контакт

Украден 61 мини лап топ од ОУ Св.Кирил и Методиј

Крадецот/те влегол преку влезната врата и скршил шест брави од исто толку училници и одзел 61 мини лап топ

Петар Печков

Шеесет и еден мини лап топ се украдени од велешкото Основното училиште Св. Кирил и Методиј.  Кражбата бил откриена утрово, кога вработените дошле на работните места. Крадецот или повеќе од нив, работеле незабележано и вешто, па никој не ги видел ниту како влегле, ниту како излегле а да изнесат при тоа вредна техничка роба.

Кражбата е извршена во периодот од недела напладне, околу 14 часот до понеделник наутро 6 часот, кога вработените дошле на работа. Сторителот влегол преку влезната врата која ја обил со подесен алат. Потоа насилно, со кршење на брави,  отворил шест училница кои биле заклучени и од нив ги одзел мини лап -топите, вкупни 61 на број.  Потоа со украдената стока го напуштил школото - изјавија од СВР Велес.

Додаваат дека не е познат часот кога е извршена кражбата.   Увидна екипа на велешката полиција  била на местото на кражбата и се работи на откривање на сторителот/те.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »