речник контакт

Украдена и фрлена во Вардар, среде бел ден кутијата за донации за храна за гладните велешани

Непрофитната организација „Нула гладни во Велес„ најавува дека продолжуваат со нивната хумана мисија

Петар Печков

Кутијата за донации, со која граѓаните оставаа пари за гладните од Велес,  вчера биле украдена од пред гостилницата „Боем„ а истата денес ја нашле празна и фрлена во реката Вардар. Ова го објавија од непрофитната организација „Нула  гладни во Велес„ на нивниот фб профил. Нивната активност е поддржана и од Општинскиот Црвен крст на Велес.

На "чесниот сторител" му посакуваме многу среќа и во здравје да си ги троши парите. Веројатно ќе му ги решат сите проблеми. Исто така му порачуваме дека откако парите ќе се потрошат добредојден е во кујната, доколку е повторно гладен. Ќе му обезбедиме оброк на драго срце - порачаа од  организацијата.

Додаваат дека  нивната  мисија за нула гладни во Велес останува непоколеблива. Првичните шест  месеци истекуваат во месец јануари  следната година  и планираат нови шест  месеци со нови или стари поддржувачи на проектот.   

Кујната која ги снабдува социјално ранливите категории во Велес  преку  непрофитната организација „Нула за  гладот во Велес„  работи од  8-ми јули годинава, секојдневно, обезбедува оброк преку Гостилница „Боем„ за  20-тина лица и во првите  три  месеци  од работата биле дадени  2,6 илјади  оброци на социјално најзагрозените лица.

Преку касата за донации пред Гостилница Боем се обезбедуваа донации од граѓани,  но и лица кои  даруваа и свежи  градинарски  култури. Со финансиски средства како донатори  месечно се јавуваат и неколку мина велешани кои живеат во странство, Ердован Етоски, Трајче Папазовски,  Слободан Гајдов, помагатели се  и Александар Велковски, поранешниот фудбалер Панче Ќумбев и Евангелската црква со пасторот Филип.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »